Претседателот на Собранието денеска лицитираше со неколку датуми за распишување на претседателските избори. Интересно е што тој говореше само за термини за изборите на шеф на државата но не и за парламентарните избори.

Тој беше јасен дека инаугурацијата на Претседателот на државата треба да биде на 12 мај 2024 година а Изборите се одржуваат во последните 60 дена на тековниот мандат.

60-те последни дена се во рамки на датумите 14 март и 12 мај 2024 година па според тоа првиот круг бил бил на најрано 14 март 2024 година  а вториот најдоцна 8 мај 2024 година

МОЖНИ ДАТУМИ (14 март – 8 мај)

Прв круг: на 14 март, 28 март, 11 април и 25 април.
– Втор круг: 28 март, 11 април, 25 април и 9 мај (критичен датум бидејќи инагурација ќе треба да биде на 12 мај)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.