Министерот за здравство Беким Сали најави измени во термните за прегледи во здравствените институции после Нова година.

Промовирам рационализација и регионализација на услуги. Денес пациенти од сите градови патуваат во Скопје за да добијат една здравствна услуга. Меѓутоа, таа приказна ќе ја имаме до крај на годината. Од јануари нема да разговараме дали мамографија има во Неготино, дали ќе се снима во Скопје, дали може да добијат услуга во Штип. Потпишан е договорот со изведувачи на инсталација на најсовремена опрема во најмалку 12 јавни здравствени установи, почнувајќи од мамографија и дигитални рендген апарати, компјутерски томографи. Повремено имаме дефекти на застарена опрема, односно на амортизирана опрема која што за жал заради истрајноста не може да се сервисира навремено и тие периоди, гапови од два-три месеци за сервисирање ни ја пореметува листата на пациенти. Но, сето тоа ќе биде решено по Нова година, рече Сали.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.