Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски соопшти дека од денеска КОВИД-тестирања може да се закажуваат и на пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар.
Според Петличковски, се планира отворање на пунктови и во центрите за јавно здравје.
Со оглед дека бројката на новозаразени меѓу децата до 14 години е зголемена, Петличковски апелира до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето.
Апелираме и до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето, да бидат пореспонсивни кон тестирањето. Затоа отвораме неколку дополнителни пунктови за тестирање. Во Скопје од денеска пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар се активни за закажување на термини и во нив може да се закажуваат тестирањата за КОВИД преку матичен лекар. Дополнително планираме отворање пунктови во центрите за јавно здравје со цел тој период кој го воочивме како предолг за закажување на тестирање да го скратиме, истакна Петличковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.