Oд 1 јануари 2023 година, Македонија ќе воведе визен режим за Куба и Боцвана, најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој на прес-конференција рече дека ваква одлука донела Владата на предлог на Министерството за надворешни работи во контекст на усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Знаете дека во последно време има сериозен проблем кога земји од Африка и Азија го користат белградскиот аеродром поради постоењето на либерализиран визен режим во Србија и нивните граѓани слетуваат на аеродром кој не е во Белград, а потоа заминуваат во земјите на ЕУ, рече Османи.

Тој истакна дека постои еден податок дека од 6.000 луѓе кои слетале на белградскиот аеродром во одреден период, само 10 отсто се вратиле преку тој аеродром (во своите земји).

Иако нашата земја не е меѓу земјите кои имаат проблеми со овој тип на миграција, сепак решивме да бидеме проактивни и донесовме одлука да воведеме визен режим за овие земји (Куба и Боцвана)“, рече шефот на дипломатијата на Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.