Објавен нов сет на податоци од Попис 2021. Согласно планот за објавување на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, Државниот завод за статистика денеска објави нови сетови на податоци, и тоа:

 

  1. Вкупно резидентно население по поединечни години на возраст и по пол, по регион;
  2. Вкупно население според 5-годишни возрасни групи и по пол, по региони;
  3. Вкупно резидентно население по 5-годишни возрасни групи и по пол, според типот на населеното место, по оопштини;
  4. Вкупно резидентно население според поединечни години на возраст и пол, по општини;
  5. Вкупно резидентно население според државјанството, по 5-годишни возрасни групи и пол, по општини;
  6. Вкупно резидентно население според државјанството и етничката припадност, по општини;
  7. Државјани (дел од Вкупното население) на други држави според државата чии државјани се лицата.

 

Податоците од Попис 2021 можат да се најдат на следниов линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.