Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува обидите за кршење на правата на специјализантите од страна на институциите, конкретно на Институтот за трансфузиона медицина кои за специјализантите како надоместок за одвоен живот од семејството, добиваат 30% од основицата, односно од просечната плата, наместо 60%согласно член 77 став 3 алинеја 4 од Колективниот договор за здравствена дејност. Ова е уште еден показател во низата деградирачки чекор, велат од Комисијата.

Тие прашуваат:

1.Каква е состојбата во другите установи во овој сегмент со оглед дека одродената власт ги користеше само за пиар иако нивните најгорливи проблеми останаа нерешени?

2.Зошто не се реализирани ниту на крај на мандатот дадените ветувања кон оваа категорија кон која и по 7 години не се остварени ветувањата, по примерот како и за сите останати дадени лажни ветувања и кон другите категории здравствени работници,но и општо во здравството?

3.Зошто не видовме ниедна мерки за стимулирање на младите доктори во руралните средини, иако и тоа ветување остана празно односно лажно поглавје од Програмата за живот?

-ВМРО -ДПМНЕ многу скоро ќе стави крај на ваквите лажни практики и нереализирани ветувања и ќе понуди конкретни мерки за унапредување на статусот на сите здравствени работници, вклучително и за специјализантите, велат од Комисијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.