Има докази, доказите се во јавното обвинителство. Дел од нив се уште се вештачат, одземени се огромен број на материјали, електронски уреди. Очекувам дека сите факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедени и врз основа на тоа ќе се конкретизира вината. Секогаш виновникот има име и презиме и треба да биде изнесен пред лицето на правдата – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на МТВ.

Тој додаде дека не треба истрагата да се орочува со датуми, туку таа треба да биде квалитетна со обезбедени докази.

Треба да се види кој точно треба да носи одговорност. Не треба да се поистоветуваат институциите, сите лекари и медицинскиот персонал внатре – рече Спасовски.

Министерот додаде дека не треба предвремено да се истрчува со резултати од истрагата само заради задоволување на јавноста и да се повлечат потези кои нема да бидат релевантни, туку треба целиот случај да биде издржан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.