Мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски денеска во интервју за МИА изрази очекување дека со новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, кој на 18 јануари најави посета на земјава, ќе изгради конкретен и пријателски однос, со реторика меѓу двете држави која ќе биде на високо ниво. При првата посета на Петков на Скопје, Ковачевски очекува да ги утврдат основите за натамошните разговори и формите на соработка и напредок, но и ширина на дејствување надвор од строго историски рамки и термини.
Во меѓувреме, на друго интервју, Ковачевски не знае како да оdговори на прашањето на новинарката за нашата „заедничка“ историја со Бугарија. Според Богдан Илиевски, ова во превод значи дека „Таче не знае дали сме биле ист народ со Бугарите пред 1944 година“ кога „нè измислил Тито“, како што милуваат да кажат тие.
Новинар: Koј е вашиот став, дали имаме заедничка историја со Бугарите како што тие ја толкувааат?
Идниот премиер: Не сум историчар…Преведено:
Новинар: Дали сме биле ист народ со Бугарите пред 1944 година кога не’ измислил Тито?
Таче: Не знамMore: https://t.co/OgnS2g3YDp pic.twitter.com/OrYOcLkvJZ
— Боби (@BatmanSaysT) January 8, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.