Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат предлозите за измена на Уставот и тие ќе „паднат” во Собранието, изјави потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување во дневникот на Канал 5 телевизија.

Според него, власта има избор „да го пушти” предлогот за уставни измени во Собранието и да види дали има или нема поддршка за нив.

– Еве ја повикувам власта нека го пуштат овој предлог во Собрание да видат дека немаат поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Предлозите за уставни измени ќе паднат во Собранието и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори, затоа што власта е делегитимирана и на ниеден начин оваа коалиција на СДСМ и ДУИ не може да остане на власт, изјави Николоски, додавајќи дека предвремените парламентарни избори „треба да се случат, за народот го каже сопственото мислење”.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ не се откажала од референдумот за „францускиот предлог”, туку активно и интензивно работи на негова организација.

Пратениците од понеделник се враќаат од одмор и почнуваат со работните обврски. Дали уставните измени ќе бидат нивната прва работа по летната пауза и дали ќе има двотретинско мнозинство за вметнување на Бугарите во Уставот? Премиерот Димитар Ковачевски вели дека сите 120 пратеници треба да дадат поддршка за измените, бидејќи ја добиле довербата од граѓаните да ги водат кон европскиот пат.

Ковачевски вели дека во Македонија има две коалиции, онаа на СДСМ која е фокусирана на европската иднина на државата и онаа на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се обидуваат да го кочат овој процес. Сепак, премиерот нема како ќе обезебеди поддршка од 80 народни избраници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.