Новоизбраните судии во Апелацискиот суд Скопје дадоа свечена изјава пред Судскиот совет.
Сега Советот е на потег откако Кривичен најави дека ќе побара од Судски совет дел од новоизбраните судии за повисокиот суд да ги довршат предметите кои ги водат во основниот кривичен суд, а кои поради нивното отсуство може да почнат одново или да застарат.
Осуммината судии заминуваат во Апелација откако Врховниот суд им ги отфрли жалбите на шестмина нивни колеги кои сметаат дека требало да бидат избрани поради подоброто бодување од дел од оние кои беа избрани.
На огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четири судии за граѓанска област и 24 кандидати за четири судии од кривична област.
Долгиот временски период, повеќе од две години, потребен на Судскиот совет за избор на судии во повисок суд, беше посочен и во Извештајот на Европската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.