Додека некои членови на поранешниот состав на антикорупциска заедно со граѓаните и по неколку месеци чекаат да подигнат нормални пасоши, актуелните членови како приоритет во борбата против корупцијата го издигнале добивањето на дипломатски пасоши.

Претседателката и сите членови на ДКСК побарале МНР да им издаде вакви привилегирани патни исправи, а досега пасош во сина боја, добила само првата Антикорупционерка Татјана Димитровска. Таа во интервју за ТВ 24 потврди дека сите барале пасоши затоа што имаат патувања и надвор од државата.

Минатата година во рамки на скрининг процесот во ЕУ, поранешната претседателка на ДКСК Билјана Ивановска дваесетина пати била во Брисел.

На прашање на „Телма“ дали имала за таа цел дипломатски пасош, таа одговори дека никој од стариот состав не барал таква привилегија. Oд аеродром до градот Брисел патувала со јавен превоз кој чинел 9,9 евра без да бара посебни услови од мисијата на државата во ЕУ.

Повеќе на Телма



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.