И на денешното судење обвинителката Искра Хаџи Василева продолжи со веќе редовните навреди на одбраната истовремено барајќи од судот да воведе ред. На ова судијаката Лидија Петровска одговори дека токму заради неа не е можно да се воспостави ред во судницата, пишува „МКД.мк“.

И на ова рочиште обвинителката наведе дека било дозволено групно да се испитуваат сведоци. Ова, за познавачите на правото, е признание на сериозна повреда на Законот за кривичната постапка. Обвинителката изјави дека таа им укажувала на оштетените што реално можат да очекуваат како оштетно побарување.

Дали со тоа обвинителката признава дека уште пред да почне судењето таа знае каква пресуда ќе биде донесена и им кажува на оштетените што да очекуваат, прашуваат од одбраната.

Од одбраната во изјава за „МКД.мк“ велат дека се работи за „агресивно попречување на нашата работа да ја вршиме својата законска функција не само на денешното судење, туку и во сите претходни”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.