Носењето на маски во основните училишта да не биде задолжително, препорачува Комисијата за заразни болести. Ова е предлог на Комисијата за кој треба да се изјасни Владата.
Во согласност со новиот алгоритам за проценка на ризикот, донесовме три препораки. Првата е маските да не бидат задолжителни за учениците во основнитте училишта. Ги ослободуваме од обврска учениците да носат маски во училиштата, обврската останува за наставниците и техничкиот персонал, изјави денеска д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.
Д-р Петличковски кажа дека за овој предлог гласале поголемиот број членови на Комисијата, додавајќи дека останува можноста, секој ученик, ако сака да продолжи да носи маска за заштита од ковид-19.
Ја разгледувавме епидимиолошката состоба во изминатата недела и врз основа на новиот алгоритам за проценка на ризикот сметаме дека капацитетите во кината, театарите и други затворени објекти каде што досега функионираше рестрикција со максинална исполнетот на 50, сега може да биде дозволно исполнетост од 75 проценти, рече д-р Петличковски.
Претседателот на Комисијата кажа дека ќе и препорачаат на Владата да не се бараат сертификати во отворениот дел на угостителските објекти.
Ова се трите препораки кои ќе ги препорачаме на Главниот кризен штаб и оттаму тие ќе ги препорачаат на Владата за усвојување во најскоро време, рече д-р Петличковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.