Низ цела Србија на сообраќајните знаци Македонија е означена со НМК, што се спротивно на сите меѓународни договори и усвоениот меѓународен код МК или МКД. Од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговиjа во одговорот на прашањето на МКД.мк велат дека добиле ветување од Србија дека наскоро ќе биде поправена оваа грешка.
Велат дека во повеќе наврати, континуирано, по дипломатски пат било реагирано за несоодветната употреба на меѓународниот код на нашата држава врз сообраќајните знаци на автопатот Е75, на територијата на Србија, со укажување за погрешната употреба на меѓународниот код.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.