Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва повторно говореше за Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.
И да го искинеме, што ќе добиеме со тоа? За да дојдеме до нов договор, таму треба да има позиции дека се подготвени да го репреговараме. Затоа ние имаме јасна позиција дека ова немаме намера да го почитуваме и подготвени сме да го репреговараме тој дел кој што за нас е навредлив и го чувствуваме како асимилаторски. Ние немаме проблем со делот од договорот каде што се вика ајде да градиме пруга, магистрали, да развиваме туризам, рече Мицкоски во емисијата „Јади бурек“.
Според него, „суштината на Бугарите е да го приватизираат македонизмот и да го поврзат со бугарскиот идентитет и да кажат дека македонизмот е дел од бугарскиот идентитет“.
Нивната цел е да го приватизираат македонизмот и да го поврзат со бугарскиот идентитет тоа е суштината и да кажат дека македонизмот е дел од бугарскиот идентитет, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека тие сакаат тоа да се признае и потпише, или во најмала рака да не сме Македонци туку некои нови Северномакедонци.
Овие луѓе кои сега живеат на овие 25 илјади квадратни километри се некои нови Северномакедонци кои се настанати како резултат на некаков си договор таму ете политички тие луѓе постојат, ете тоа е суштината, кажа Мицкоски.
Мицкоски посочи мора да се има поголема флексибилност со државниот рубикон.
Мојот личен рубикон е одамна поминат кога станува збор со нивните барања, но државниот рубикон ние мора да имаме поголема флексибилност поради тоа што ние не сме сами и не сме надвор од еден поголем систем наречен Европа и меѓународна заедница, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.