Ниту еден лекар кој работи на Клиниката за детски болести не добил додаток за дежурство во последната плата, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Тие велат дека е исплатена минимална сума само за ноќен труд, кој е понижувачки за лекарите кои деноноќно работат на Клиниката и ги хоспитализираат и третираат најтешките пациенти од целата држава.
Ова е направено под изговор дека се работи за технички пропуст на администрацијата, која наводно не пријавила дежурства од клиниката во последните две години до ФЗОМ, а што било утврдено по спроведената, иако јавни необјавена ревизија од ФЗО, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
Лекарите бараат веднаш да се отстранат тие т.н “административни пречки” и да им се исплатат дежурствата од последните два месеци (делови од месец септември и октомври). Ревизијата може да трае со месеци, а тие за тоа време нема да го добиваат никакви финансиски средства за заслужениот и совесно изработен труд.
Лекарите специјалисти и супспецијалисти педијатри, дополнително наназад повеќе од три години не биле адекватно исплаќани за своите дежурства, односно за деновите сабота, недела и празник биле исто исплаќани, а не како на сите останати клиники во кампусот клиники „Мајка Тереза”.
На останатите клиники биле исплаќани различни проценти за сабота, недела и празник, согласно Колективниот договор. Со тоа е направена голема дискрепанца помеѓу педијатрите и нивните колеги од останатите клиники.
Овие средства на докторите на Клиниката за детски болести треба ретоактивно да им бидат исплатени, за што постојат докази, без да навлегуваат во разни шпекулации дали и каде завршиле нивните чесно одрабитени финансиски средства, додаваат од Комисијата на ВМРО ДПМНЕ.
Од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека неправилности и нерегуларности во однос на дежурствата на лекарите ќе придонесат само на нивно заминување од јавното здравство. Заради тоа тие апелираат овој проблем сериозно да се сфати за да се заштити одливот на лекарите од јавно во приватно здравство.
Последниов месец сме сведоци на заминување на колеги кои што се круцијалини за функционирањето на системот и така сега ФЗОМ заради нивното заминување потребно е да исплаќа дополнителни средства на приватните болници во земјава. Доколку не се сопре овој тренд ризикуваме да останеме само со приватно здравство во земјава, велат од Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.