Партиското влијание врз јавната администрација или воопшто го нема или е минимално, смета пратеничката на СДСМ, Фаница Николовска.

Јас сум убедена дека партиското влијание и сега или воопшто го нема или е минимално. Доказ за тоа се огласите што ги објавува Агенцијата за администрација, работни места не се пополнуваат, доколку има партијата влијание ќе најде начин да ги пополни работните места. Ако ги видите одлуките за избор, ќе видите колку лица, ние сме мала држава посебно ние кои доаѓаме о градовите од внатрешноста на државата се знаеме ќе видите колку лица што немаат допир со ниедна политичка партија или пак се можеби поблиски до опозицијата наоѓаат место во јавната администрација и се вработуваат. Со тек на време и лидерите на политичките партии, мислам дека ќе се смени климата, и во таа насока мислам дека се движиме, само треба да ја направиме администрацијата попривлечна за искусен кадар и попрофесионален кадар, рече Николовска во денешната емисија „Детектор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.