На ваков начин нема да помине никаков предлог, протокол. Иако од власта слушаме дека со многу широки раце отворени го фалат францускиот предлог за патот на Македонија кон Европската Унија. Меѓутоа, или намерно и свесно ги премолчуваат фактите или навистина се слепи, изјави Ружица Николовска на денешниот протест насловен „Ултиматум, НЕ благодарам“.
Николовска додаде дека има неколку работи кои ќе ни пречат и што се за нас штетни. Штетни за нашиот идентитет и за нашите национални интереси.
Се обидуваат Бугарите да ја читаат историјата како чиста бугарска историја, тоа е содржано во предлогот и доаѓа токму од договорот за добрососедство од 2017та година. Дали тоа значи дека ние треба да го заборавиме нашиот идентитет, да ги избришеме нашите досегашни книги, учебници, филмови и да заборавиме на се ?“, кажа Николовска.
Николовска истакна дека ваков документ како што ни се нуди, на ваков начин не е за доброто на Македонија, напротив тоа е само штетен предлог.
Ни малку не е наивно тоа што се обидуваат како едно наивно прашање да го вметнат протнувањето и ставањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија. Ако тоа го дозволиме, знаете ли што ќе направиме? Ќе дозволиме да ни се истакнуваат бугарски симболи слободно, да ни се зборува на Бугарски јазик овде. Ние имаме наша историја, идентитет и ние имаме нешто што нашите предци го оставиле и не смееме да дозволиме сето тоа да го изгубиме, вели Николовска.
Таа додаде дека Македонија сака да биде на патот кон Европската Унија, меѓутоа не по секоја цена, не со ултиматуми и не со вакви понижувачки сценарија за нас Македонците.
Николовска потенцираше да не дозволиме ова власт да се однесува кон Македонија како слаба држава да е Македонија, можеби сме мала држава и мал народ но сите имаме големо срце и душа.
Сакам да упатам една порака до сите сограѓани во Република Македонија од другите националности. Браќа и сестри од други националности, излезете и вие со нас бидејќи ние како Македонци секогаш сме стоеле и ќе стоиме и ќе ви помагаме доколку било кои се обиде да задира во вашиот идентитет, историја и националност. Истото го очекуваме од вас, само на таков начин ќе имаме соживот а оние кои се обидуваат да ви протнат меѓуетнички тензии се излажале за тоа затоа што ние живееме вистински живот, изјави Николовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.