Листите на чекање се горлив проблем за секој пациент, никој не ги гледа листите, ниту има информации колку ќе се чека што создава состојба на неизвесност и барате начин како да ја забрзате работата. ОВА ЌЕ СЕ РЕШИ СО ДИГИТАЛИЗАЦИЈА затоа што притисок нема само кај пациентите, туку и кај лекарите. Во ситуација на дигитализација секој пациент со сопствена шифра ќе може да провери, вели доктор Игор Николов во гостувањето на телевизија Сител.

Сега сме во фаза на домаќинско работење пред да дојдеме до дигитализација. Ковид пандемијата покажа дека здравствените системи треба да бидат подготвени, а кризата во Украина влијае на цените на медикаментите. Сите цени се покачени, од тука растат и цените на здравствените услуги и поставува прашањето на одржливост на здравствените системи во регионот. Затоа е ПОТРЕБНО Е ПРВО ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ, или ЕФИКАСНОСТ, ЕФЕКТИВНОСТ и ЕКОНОМИЧНОСТ со што ќе се подготви здравствениот систем да се справи со предизвиците, и не само нашиот туку сите во Југоисточна Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.