Да бидам директен, ова е директен дил помеѓу политичката партија која што се продаде за за две куќи во Тафталиџе и криминалците во Македонија. Арбен Таравари и другар му Меџити, кој стана министер за здравство, заедно со другиот пријател Лога којшто е повеќе пријател на Зијадин Села, имаат договор со крими-светот во државава надевајќи се дека така ќе добијат гласови. Тоа е најочајната работа што можат да ја направат, а всушност карактерот си го покажаа со тоа што се продадоа за две куќи во Тафталиџе, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој додаде дека овој потфат доаѓа како резултат на тоа што во последно време благодарение на меѓународните истраги, кој ја опфаќаа и Македонија, се случија акции за спречување на меѓународни ланци за трговија со кокаин и сега целта на овој закон е луѓето опфатени во тие акции да се ослободат.
„Не може криминалци да се ослободуваат. Таму веќе имаат детални списоци кој треба да излезе и зашто треба да излезе. Една од основните грижи, сериозен ќе бидам за ова, иако иронично ќе звучи, е тоа што цената на кокаинот на улиците во македонските градови е поскапена затоа што имаше акции во изминатиов период пред се предизвикани од потребата меѓународни ланци за трговија со кокаин да се пресечат и дел од тие луѓе се во затвори со далеку пониски казни од тоа што реално, по мене , следува за трговија со наркотици, но со ова тие луѓе ќе излезат или да се блиску до излегување со цел дистрибутивната мрежа на кокаин низ државата, а и транспортната нагоре кон Север и надолу кон Југ оснажи и да може да се спушти цената на кокаинот, потенцираше Николоски.
Тој уште еднаш ја потврди и решителноста на ВМРО-ДПМНЕ да не дозволи овој штетен закон да помине во Собранието на Република Македонија.
„Најавивме излегување од Собранието доколку власта реши законот за амнестија, но гледам удрија рикверц и решија да не го пуштат со европско знаменце. Барем така најавија но сеуште не е стигнато до Собранието, така што чекаме да видиме во каква процедура ќе го пуштат. Ако го пуштат со европско знаменце излегуваме од Собрание, а ако го пуштат во редовна процедура тогаш ќе го блокираме. Така што тој закон нема да помине како и да е“, заклучи Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.