Власта е дволична во целата работа со бугарските здруженија. Во најава на седницата која почна во понеделникот кажав дека власта не е искрена во односот, затоа што законот за здруженија и фондации не ја стави како прва точка на дневен ред, туку како 20 точка. На таа седница досега затворена е само една точка и има уште 19 додека стигне – изјави Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за „Што не е јасно“ на Алфа.

Тој потенцира дека власта ја одолговлекува целата работа затоа што очигледно е договорена со Бугарија.

Така да возможно е овој закон да дојде и следна година на дневен ред, што мислам дека е и целта за во меѓувреме да се формира здружението „Цар Фердинанд“ кое треба да се формира. Очигледно е дека има политички договор помеѓу власта на СДСМ и ДУИ и Бугарија за оваа работа – изјави Николоски.

Тој посочи дека главниот финансиер на овие здруженија кој нити Агенцијата за национална безбедност, нити Агенцијата за разузнавање, нити финансиско разузнавање се занимава, јавно кажа дека имал средби и со Зоран Заев и со Стево Пендаровски на кои се договориле за здруженијата да се отворат.

Што значи иницијатори на ваквите здруженија се бугарските служби или оние кои сакаат да направат раздор во Македонија, а поддржувачи на отворање на овие здруженија се Зоран Заев и Стево Пендаровски. Пендаровски е сеуште актуелен претседател и не излегува со никаков став за оваа работа затоа што претходно ја одобрил оваа постапка. Власта нема чесна намера во носењето на овој закон – истакна Николоски.

Тој појасни дека втора причина зошто нема чесна намера е затоа што три месеци го најавуваа дека ќе се донесе закон за здруженија и граѓани со кој ќе се спречи имиња на вакви ликови да бидат имиња на здруженија, но три месеци не го ни предложија затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе ваков закон.

Тие немаат сега избор и затоа одат на карта на одлагање и Тупанчевски јавно си кажа која им е целта кога рече дека законот не можел ретроактивно и дека министерството за правда ќе поднесе нов закон со кој ќе се поништи законот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека договорот кој го направиле да се формираат најмалце 3 здруженија, ќе се реализира – изјави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.