Крими приватизацијата на Шик Јелак во Тетово и обидот за да таму се реализираат околу 200.000 метри квадратни станбена и деловна површина беше првата голема крими афера после изборите во 2020 година. Имено владата на СДСМ и ДУИ, односно на Зоран Заев и Али Ахмети беше изгласана на 30ти август во македонското собрание, недела а веќе 31 август понеделник во општина Тетово беше изгласан Деталниот урбанистички план со што на Миодраг Дака Давидовиќ му се додели бизнис од некаде над 200 милиони евра, посочи Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
Тој додаде:
Тој случај е еден пример на јасната дволичноста на власта. Имено власта која што зборува за прозападни вредности е власта која што на Дака Давидовиќ кој што е еден експонент на големо на српските политики на Балканот му додели таков ДУП. Значи Теута Арифи и ДУИ му додели таков ДУП на Дака, преку оф шор фирми од Панама, што значи дека можеби се работи и за нечисти пари и за пари кои што условно кажано доаѓа на спорен начин во Македонија. И тоа беше еден пример како врз основа на други интереси се прескокнуваат тие декларативни заложби во јавноста.
Николоски истакна дека изградбата на 200.000 метри квадратни станбена и деловна површина било всушност ветување на ВМРО-ДПМНЕ, односно како што додаде тој после промената на локалните избори и победата на Билал Касами за градоначалник на Тетово како и формирање на ново советничко мнозинство каде што ВМРО-ДПМНЕ е значаен и суштински дел се суспендирал овој ДУП, со што неправдата се исправила.
Слушнавме и разговори во јавноста кои што излегоа каде што јасно се индицираше дека се дадени пари на луѓе блиски на власта, се споменуваше Рашковски во тие разговори, се споменуваа и други лица кои што се блиски на ДУИ така што тој случај ја покажа дволичноста на оваа владина коалиција.
И тоа беше една од нашите ветувања дека тука ќе ја исправиме работата, после промената на локалните избори и победата на Билал Касами за градоначалник на Тетово и формирање на ново советничко мнозинство каде што ВМРО-ДПМНЕ е значаен и суштински дел на тоа ново советничко мнозинство, на наша иницијатива и на барање на Билал Касами се суспендираше овој ДУП со што неправдата се исправи. И овој е еден пример што треба да правиме и што ќе правиме после формирањето на владата, каде што едни вакви афери што се отвораат ќе мора да имаат своја разрешница, таму каде што е возможно да се исправи правдата, да се исправи и секако да има одговорност, изјави Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.