Стево Пендаровски е најголемата алапача во Македонија, затоа што освен да озборува, ништо друго не знае. Седи по цел ден не работи ништо, не се среќава со никого, ниеден релевантен светски државник нема примено, не зборувам за мултилатерални настани, туку за формална билатерална посета. Ниту го примил претседателот на Германија, нити претседателот на Франција, ниту премиерот на Велика Британија, да не зборуваме за претседател на САД како стратешки пријатели на Македонија., вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа.

Николоски посочи толку Пендаровски озборува што издаде таен брифинг на НАТО и затоа не е случајно што никој не сака со него да се среќава.

– Денот му се следува со неколку агенции озборување по мене по тебе. Јас пред секое интервју секогаш се спремам и тоа што ќе го кажам стојам на тоа. Нема работа која сум ја кажал а да не се покажала како таква. Средбите на Пендаровски се сведуваат со „еј да ти кажам за овој или еј да ти кажам за оној“. А најтрагично и кажува неточни работи, истакна Николоски.

Николоски посочи дека тоа не е работа на претседател на држава, работа на претседател на држава е да ги штити националните интереси, што тој не го прави и да ја промовира државата надвор.

Колку странски инвестиции донесе Стево Пендаровски, некој ќе рече не е негова работа, но и Александар Вучиќ како претседател на Србија не е негова работа но носи. Ингеренциите горе-долу им се исти со тоа што малце поголеми се на претседателот на Србија, кои не се суштински значајни, рече Николоски.

Тој додаде дека не случајно Стево Пендаровски нема средби со странски државници, затоа што Стево Пендаровски е единствен државник од 30 членки на НАТО кој во јавност изнесе брифинг на НАТО алијансата кој е направен за првите луѓе на земјите членки.

Николоски појасни дека станува збор за брифинг од ноември месец 2021 во кој стои дека во февруари следната година Русија ќе ја нападне Украина.

Тоа се прави на затворен брифинг за да може земјите членки да се подготват. Стево Пендаровски излезе и го кажа во јавност, кој после тоа очекувате да го смета за релевантен кога врвна тајна изнесе во јавност и компромитира целосна стратегија на НАТО алијансата? – вели Николоски.

Николоски истакна и дека толку кажува лаги Пендаровски што измислуваше и за Законот за амнестија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.