Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, од митингот во Дојран порача дека веќе се бројат деновите до првиот круг на претседателските избори и дека е сигурен оти уште првиот круг ќе донесе огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ, односно за Гордана Силјановска Давкова, што ќе претставува влез во голема победа на 8 мај на вториот круг од претседателските и парламентарните избори.

Сакам да почнам со една локална тема, во четвртата изборна единица малце се општините каде што ВМРО-ДПМНЕ нема градоначалник, една од тие е Дојран и сум убеден дека следната година ќе имаме градоначалник и тука и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води општината“, нагласи тој.

Николоски додаде дека има неколку пораки до актуелниот градоначалник при што посочи дека во Дојран пропаѓаат убаво уредените плажи и патеката околу езерото, во Дојран езерото зависи само од Господ и од природата, затоа што не функционира или нередовно функционира системот кој што треба да го одржува езерото. Николоски истакна дека не е одговорно од градоначалникот што воопшто не посветува внимание на овие работи.

Пред некој ден бевме на другата страна, во селото Николиќ и ни рекоа тука во близина имавме преубаво уредена плажа за жал сега ја нема затоа што никој не се грижи за неа. И ни велат покрај земјоделие можеме убаво да живееме од туризам но градоначалникот тоа не ни го овозможува.

 

Би му порачал дека треба многу, многу поодговорно да се грижи за општествениот, државниот имот затоа што тоа е имот на сите нас и тука се трошат пари од сите вас, од граѓаните на Дојран, но и на сите кои што сакаат да помогнат“, порача Николоски.

Тој посочи дека втората порака до градоначалникот на Дојран е да го предупреди дека согласно Изборниот законик и Кривичниот законик се сметаат за тешки кривични дела, делата против изборите. Николоски додаде дека слуша дека градоначалникот тргнал притисоци да прави и поткуп да нуди.

Да му кажам дека тие кривични дела не застаруваат, за нив се одговара, казните се големи. За некои се од пет години нагоре, а за некои се и од десет години нагоре. Така што пет пати да отвори очи пред било што да прави, да престане да прави притисоци и да престане да нуди поткуп.

 

Третата работа која што сакам да ја порачам е дека многу внимателно ја следиме неговата работа. Иако општината на прв поглед изгледа мала заради езерото е исклучително атрактивна. Има бројни сомнежи за злоупотреба на службена положба. А, пред се во делот на урбанизмот, и тоа го следиме многу внимателно. И сето тоа ќе биде внимателно истражено затоа што никој не смее да се богати на ваш грб, никој не смее да се богати на грб на граѓаните“, порача Николоски.

Тој укажа дека се надева дека градоначалникот на Дојран ќе ги слушне трите пораки.

Николоски додаде дека изборот на овие избори е јасен, Македонија е време да стане повторно горда, а тоа ќе биде со Гордана Силјановска Давкова како претседател на државата и ВМРО-ДПМНЕ да ја формира владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.