Во рамки на посетата на Загреб, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска имаше средби со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и со претседателот на Комитетот за надворешни работи на хрватскиот Сабор, Гари Капели.
На средбите го поздравив огромното пријателство коешто го имаат Македонија и Хрватска, како и одличните билатерални односи. Побарав Македонија да добие датум за почеток на преговори, затоа што тоа го заслужуваат македонските граѓани. Во исто време информирав и за политичката ситуација во Македонија и за активната блокада која што ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, како пат до предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ се сестрински партии и затоа ВМРО-ДПМНЕ точно образложи што правиме во рамки на Собранието и која е нашата цел. Нашата цел е дијалог и брзи предвремени парламентарни избори на коишто народот ќе може да го каже сопственото мислење – истакна Николоски.
Тој посочи дека ќе ги отвори прашањата кои се битни за Македонија.
Исто така во рамки на настанот којшто го организираат пријателите на Европа за 40 највлијателни личности под 40 години, имаме бројни средби кои се одржуваат во следните три дена каде што највлијателните 40 луѓе од Европа ќе дискутираат за заедничката визија и проспекти кои можат да дојдат во Европа. Тука пред се планирам да ги отворам прашањата кои се битни за Македонија, пред се во делот на економскиот развој, на соработката и на добриот напредок и борбата со корупцијата, нешто што посебно ја погодува Македонија – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.