Пендаровски навредува на најнизок можен начин и тоа покажува во какво бунило е и е свесен дека поразот ќе биде огромен. Пендаровски не одговори на ниедно од прашањата кои му ги поставуваме. Сака да се претставува како чесна личност, а е најдволичниот човек кој се занимава со политика, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на митингот во Гевгелија.

Николоски истакна дека веќе сме скоро на недела дена до гласањето, а Пендаровски не одговорил на три клучни прашања.

Прво каков е тој чесен човек кој потпишува измени на кривичен законик со кој се амнестира високиот криминал и корупција во Македонија? Второ каков е тој чесен претседател кој збор нема кажано за ниедна афера на СДС и ДУИ, а особено на ДУИ? Трето каков е тој чесен претседател кој прифаќа кампањата да му биде финансирани со народни крадени пари? – вели Николоски.

Тој нагласи дека Пендаровски исто така должи одговор и на цела јавност што сторил изминативе пет години, по што ќе го паметиме освен распродавање на македонските национални интереси?

Дали успеа да ја претстави Македонија добро надвор? Дали се бореше Македонија внатре? Дали бараше повеќе ред и правда, дали влијаеше во судскиот и обвинителскиот совет да има владеење на право или можеби донесе странски инвеститор? Одговорот сите го знаете, тоа е едно големо НЕ. Исто и СДС и ДУИ со прст не мрднаа, камен немаат ставено, во Гевгелија не може да видиме една работа која ја имаат направено, рече Николоски.

Тој додаде дека затоа во корона кризата истиот кој е носител на СДС во ИЕ 4, Венко Филипче беше министер за здравство и исто како сега ангажираше пиар агенции да му водат личен пиар и да го промовираат во јавноста не дојде ниеднаш во Гевгелија да се соочи со суровата реалност, а тоа е дека 131 човек го загубија животот во тие две години на пандемија на корона, додека тој водеше лична промоција.

Тоа го нема во ливчињата кои ги добива од агенцијата Рејтинг за која плаќа по 100 евра од текст во медиумите кои објавуваат за Филипче. Пред некој ден имаше 18 текста, тоа за еден ден е 1800 евра. Тоа не се негови пари, тоа се ваши пари кои ги искрадоа во годините наназад. Затоа не треба никому да е чудно што македонското здрваство е на историски најниско ниво, а прв пат се случува 400 млади лекари на специјализација да излезат на протест и никој не сака да ги слушне, изјави Николоски.

Тој посочи дека Филипче не одговори која е неговата улога во случајот со Онкологија и семејството Пановски каде терапија не беше давана на болни од карцином, до денес не одговори колкава е провизијата која ја зеде од компанијата Стабри регистрирана за трговија со јужно овошје за вакцините кои никогаш не стигнаа во Македонија па мораше македонските граѓани да одат во Србија и Бугарија.

Не одговори ни каква е неговата улога за притисокот на сопственик на приватна болница да ја продаде на бизнисмен од Гевгелија или најболната за пожарот во модуларната во Тетово каде 14 луѓе го изгубија животот. На ова ќе мора да се даде одговор, изјави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.