Македонија со Заев, ова е сѐ уште влада на Заев, датум за почеток на преговори со ЕУ не добива. Прашањето е дали можеме да помогнеме на македонскиот народ, да се испрати тој апел и сега да се искористи оваа шанса. Лично сум песимист, затоа што знам кој седи во владата во моментов, но мое е да дадам максимум за тоа да се случи.

Во однос на добивање на датум за преговори ќе ја потсетам јавноста дека во пролетта во 2018 кога постоеше една лажна еуфорија креирана од Зоран Заев и неговата екипа дека само што не почнале мед и млеко да течат по улиците во Македонија, и дека само е потребно името да се смени за ранот да дојде во Македонија. Јас излегов во јавноста и кажав, дека дури и Зоран Заев да се договори со Грција, тој нема да добие датум за почеток на преговори и Македонија нема да почне преговори сѐ додека тој и неговата влада се на власт, затоа што никој не седнува на иста маса со корумпиран политичар. 4 години подоцна, јас за жал сум во право, велам за жал, затоа што мојата држава не напредува, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата ,,Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа.

Николоски додаде дека токму затоа е она нивно најважно барање, да се случат предвремени парламентарни избори бидејќи нема по злоупотребуван процес во Македонија од тој за евроинтеграциите. Додаде дека дури и киднапирањето на Кастриот Реџепи кога му се дала онаа позната понуда плата, била оправдана со некакви преговори во декември или јануари.

Приказната со почеток на преговори е поврзана со перформансот на владата пред сѐ со борба со корупцијата, ваква корумпирана влада не добива преговори. Тука основниот проблем е што Бугарија го знае тоа и сериозно го злоупотребува. Знаат дека Македонија со оваа влада не е спремна, знаат дека во владата седат корумпирани политичари и дополнително си ги наметнуваат своите услови, кажа Николоски.

Николоски рече дека оваа влада со Бугарија има лош пристап и тој пристап не се темели на јасна стратегија бидејќи не може најважното државно прашање да се решава без стратегија со гушкање и смеење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.