Во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, порача дека ситуацијата во судството и обвинителството во државата е драматична и потребно е реформа, распуштање, како и ревидирање на системот на избор на членови на судски и обвинителски совет, а треба да се изврши и проверка на имотот на судиите и обвинителите.
Мислам дека ситуацијата веќе оди кон драматична во судството и обвинителството и тука дури и јавноста има малку погрешен фокус. Мислам дека најмногу под фокус е кривичниот суд, основниот суд Скопје 1 за мој вкус мислам дека релативно коректно работи, а другите судови мислам дека ги нема во фокусот на јавноста, а тие се извор на проблемите во Македонија кога зборуваме за судство. Не дај Боже човек да има проблем во Струмица на пример или во Прилеп или во Охрид или во Кавадарци, а да не го знае вистинскиот адвокат или да нема доволно пари за тој адвокат. Ама парите за адвокатот се многу повеќе од тоа што е адвокатска тарифа. Отидете во било кое место во Македонија, најубавите куќи се или на судија или на обвинител или на цареник. Не е природно, не може така да остане“, посочи Николоски.
Тој додаде дека треба да се ревидира системот на избор на членови на судски и обвинителски совет, распуштање и проверка на имотот на судиите и обвинителите.
Овој систем на избор на членови на судски и обвинителски совет, е спроведен во 2005 година. Ние тогаш бевме опозиција, имаа добра намера, но за некои други општества со друга култура и друг ментален склоп. Ние велиме, три работи се, распуштање, проверка на имот на судиите и обвинителите, да видиме овие најубавите куќи од каде доаѓаат и трета работа промена на начин на избор. Еден модел, не велам дека е совршен, може да е моделот на избор на членови на државната комисија за спречување корупција. Тој начин на избор на ДКСК се покажа за добар можеби треба да размислиме и за судскиот и обвинителскиот совет или сме отворени за подобар предлог кој што би го разгледале“, кажа Николоски.
Тој посочи дека и во препораките на ЕУ стои дека треба да се ревидира судскиот и обвинителскиот совет и доекипирање во делот на избор на судии и обвинители.
Тие велат дека треба да се ревидира на судскиот и обвинителскиот совет, дека начинот на кој што работи практично создава, народски се изразувам, олигархија во судството и обвинителството и дека мора да се заврши со доекипирање во делот на судскиот и обвинителскиот совет изборот на судии и изборот обвинители. Тоа е дел и од онаа реформска агенда која што Македонија мора да ја спроведе доколку сака да ги добие средствата од фондот за поддршка кој што во период од 4 години треба да бидат околу 1 милијарда евра кои што сериозно ќе и помогнат на Македонија да се крене буџетски и тие не се врзани со условувањата на Бугарија туку исклучиво со реформи. Ако ние испорачаме реформи добиваме директна финансиска поддршка во буџет“, кажа Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.