Вечерва по вестите на Алфа, во 18.15 со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, ќе разговара новинарот Љупчо Цветановски.
ПРОТЕСТИ КАКО ИНИЦИЈАЛНА КАПИСЛА НА МАКЕДОНСКА ПРОЛЕТ И ОБЕДИНУВАЊЕ
Интервју со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски
Во исто време кога престолонаследникот Ковачевски мати вода со Бугарија, а генералните секретари на владата формираат ново затворско одделение, се подготвува ли Македонија за пролет која ќе означи и нова „преселба на народите“ – патриотите од затвор, властодршците во спротивен правец?
Македонија протестира. Недоволно осмислениот балон со минималната плата максимално и се удира од глава на популистичката влада, економски дунстери кои мислеа дека по забеганите бројки со пописот, ќе минат и со диелтантски мерки зачинети со енормно поскапување на основните продукти. Сфаќаат ли македонските Марии Антоанети дека благодарение на нивната неспособност домашните буџети и фрижидери се празни?
За бранот кој тргна од Унгарија и Србија, улогата на опозицијата и насушната потреба од обединување, во „Што не е јасно?“ ќе зборувам со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, благодарение на кој пропаѓа бизнисот на Заевци со контроверзниот Дака за Шик Јелак во Тетово…
Само на Алфа во 18.15, веднаш по вестите…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.