На покана на Фондација за малцинства „Pro Minoritate“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ќе има свое обраќање на најголемиот летен камп во Европа „Балвањос, универзитетски и студентски камп“ кој се одржува оваа година по 31ви пат традиционално во Трансилванија – Романија по пауза од две години поради корона пандемијата. На овој камп учествуваат голем број видни политичари од целиот свет, сериозни тинк тенк организации, новинари, професори на реномирани меѓународни универзитети и активисти во сите полиња од општеството.

На кампот е предвидено Николоски да има свое обраќање на тема „Интеграцијата на Западен Балкан – бесконечен процес? “ каде што покрај Николоски на темата ќе имаат обраќање и Габор Борзели – директор на Фондацијата Роберт Шуман, Ласло Орлос извршниот директор на непрофитната организација „Западен Балкан – Зелен Центар“ и аналитичарот Истван Шакали.

На овој настан предвидено е да учествуваат Виктор Орбан премиерот на Унгарија, Барбара Колм од Австрија потпретседател на Националната Банка на Австрија, Џон Фунд новинар од Фокс Њуз од Америка, Диедрик Бумсма писател и советник во Амстердам, професорот од Америка Каплан Џефри, Михали Варга министер за финансии на Унгарија, Јудит Варга министер за правда на Унгарија, Истван Наѓ министерот за земјоделие на Унгарија, како и бројни други влијателни политичари од регионот и светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.