Случајно или не, на територија на вашата општина во моментов е најголемиот извор на криминал во Македонија, РЕК Битола и случајно или не токму од таму доаѓа крими финансирањето на кампањата на Стево Пендаровски“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци.
Потпретседателот Николоски истакна дека Стево Пендаровски никогаш ја нема посетено општина Новаци освен во избори.
„Додека доаѓавме наваму проверував кога Стево Пендаровски последно бил во Општина Новаци и искрено очекував дека често доаѓал тука имајќи предвид финансирањето на кампањата му доаѓа баш од тука, но забележав дека никогаш не ја посетил Општина Новаци освен во избори што само покажува за каква дволична личност се работи. Тоа е неговата одлика од една страна глуми чесен и сака за себе да вели дека е некорумпиран, од друга страна потпишува измени на кривичен законик за амнестија на криминал, молчи на сите криминални афери кои излегоа во јавност изминатите години, а најчесто во јавност ги вадеше ВМРО-ДПМНЕ и финално прифаќа кампањата да му се финансира со црни пари кои се крадени токму од оваа општина и токму од РЕК Битола“, рече Николоски.
Потпретседателот Николоски ги повика граѓаните на 24 април и 8 мај масовно да излезат и да гласаат за Гордана Силјановска Давкова.
„Таков човек треба да си замине во историја и затоа ве повикувам на 24 април и 8 мај масовно да излезете на гласање, да ги повикате сите што ги познавате да излезат и во масовна референдумска излезност да ставиме точка, да ги направиме промените, да ја избереме Гордана Силјановска Давкова за претседател, а Христијан Мицкоски за
премиер на Македонија“, кажа Николоски.
Потпретседателот Николоски во однос на неговиот противкандидат Венко Филипче истакна дека тој се уште не дошол да ги посети жителите на Новаци и додаде:
„Има еден доктор, политичар, пак доктор, пак политичар, во меѓувреме криминалец кој во четвртата Изборна единица ќе е мој против кандидат како носител на листата на СДСМ. Гледам дека овдека не дошол уште да ве посети затоа што веројатно пи-ар стратезите од агенцијата „Рејтинг“ кои му водат пи-ар не му кажале дека во четвртата изборна единица има и рурални средини, мисли дека е кандидат во Капиштец во Скопје, па така тера кампања, а не тера кампања како да имаме најземјоделската изборна единица и истиве пи-ар стратези од агенцијата „Рејтинг“ кои внимавајте плаќа по 100 евра за текст за Венко Филипче за порталите низ Македонија за што ќе треба да даваат после извештаи од кај им се парите и како ги обезбедиле, не му кажала дека постои Новаци, како што постои подолу и Могила, постои и Кукуречани, а не само да оди по здравствени домови и така да се слика со доктори“, дециден е Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.