Потпретседателот на групата на ЕПП и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска е во Стразбур, на почеток на зимската сесија на Парламентарното собрание на Совет на Европа во Стразбур.
Денес директно ќе ги прашам тројцата кандидати за Комесар за човекови права што ќе направат за заштита на човековите права, правото на употреба и настава на мајчин јазик и правото на здружување за Македонците во Бугарија, Грција и Албанија. Од нивните одговори ќе одлучам за мојот избор. Исто така најавувам кандидатура за реизбор за Потпретседател на Европската Народна партија EPP – European People’s Party во Совет на Европа, позиција која ја извршувам во изминативе две години.
Секогаш во борба за правата на Македонците и Македонија, порача Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.