Работата на уставната комисија покажа дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени под диктат. Тоа е јасно и на 25ти Јули сите лаги на власта на СДСМ и ДУИ се распрснаа како меур од сапуница, објаснува во својата колумна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Тој ден заврши пропагандата и се виде кои се јасните ставови на сите политички партии. Во комисија за уставни прашања има 17 члена, од кои што 7 се на ВМРО-ДПМНЕ и сите 7 гласавме против, јас сум еден од тие 7 кој што гласаше против. Така што јасна е волјата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ние бараме да не се чека до 18 август, туку ако може утре, задутре да се стави на гласање на пленарна седница со цел да пропадне оваа фарса која што ја прави власта и да се види дека власта нема 2/3 мнозинство и дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е спремен да подржи уставни измени под бугарски диктат.
Тој бара од владејачкото мнозинство ако можат уште утре или задутре да ја свикаат пленарната седница, да не чекаат до 18 август за да видат сите кои се позициите на сите политички партии. И јасно е дека власта нема мнозинство. Уште еден пратеник од власта кажа дека нема да гласа за уставните измени и тој е 3 пратеник од власта кој што кажа дека нема да гласа за уставните измени. Така што јасна е ситуацијата, а јасна е и народната волја која што ВМРО-ДПМНЕ ја испочитува.
Ова генерација на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека држи до ставовите и дека кога ќе каже не, тоа не останува не.
Ние предлагаме веднаш да се стави на гласање за да се види дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да го поддржи овој предлог за уставни измени. Тие уставни измени ќе пропаднат и веднаш после тоа да се распуши Собранието и да одиме на брз предвремени избори на кои што граѓаните ќе можат да го кажат своето мислење, Октомври месец е идеален за одржување на избори.
Копенхашките критериуми се мерилото на една земја колку напреднала на патот кон Европа и тие се лесно мерливи, а не се подвижна цел. Тој пат го изоделе другите и ние баравме шанса и Македонија тоа да го направи. Како што рековме и кога се носеше тн Француски предлог, кој всушност беше бугарски предлог, овој пат под овие услови ќе се претвори во бескраен процес во кој на една маса ќе зборуваме за некое поглавје, а на другата поважна маса ќе се одлучува дали во учебникот за петто, четврто или седмо одделение треба да прифатиме бугарски историски наратив за Кирил и Методиј, Кресненското или илинденското востание. А кога е во прашање дискриминацијата, во Македонија денес единствено дискриминиран народ е македонскиот и единствена дискриминирана група е онаа на огромното мнозинство кое власта сака повторно, уште еден пат да го игнорира и да се претстави како некаква далековида власт која имала храброст да носи тешки одлуки. Ако одлуките се тешки, не може или не значи дека се добри. И сите кои се кријат зад некаква лажна храброст дека носеле тешки одлуки, треба да се засрамат и да ја наведнат главата пред секој граѓанин на Македонија. Бидејќи не е храброст да прифатиш беспоговорно се што ќе ти побара тој наспроти тебе, само затоа што чувствуваш дека твојата фотелја и комодитетот му го должиш нему, без оглед од кај доаѓа – од Атина, Софија или Брисел. Секое друго гледање на работите и постапки не се демократија, туку се тиранија и национално предавство.
Затоа НЕ за уставни измени под Бугарски диктат, да за Македонија ослободена од криминал и корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.