„Бев во МНР и потоа заминав во секретаријатот на Европските прашања во обид да имам поголемо влијаниена домашната агента. Можеби тоа беше погрешен чекор. Од оваа ретроспектива веројатно беше грешка. Ептен избувна ова прашање за Бугарија и еве како се реши, односно не се реши – вели поранешниот МНР Никола Димитров на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21.
Според него причина за нерешавање на ова прашање е полиртиката на неговиот наследник Бујар Османи.
Политиката на Бујар Османи била погрешна. Политиката, решенијата, како ова го играше… Ние имавме ситуација кога Бугарија се жалеше дури и јавно како може да се повеќе солидари со земја кандидат, кога ние седиме со вас на маса, ние сме земја кандидат. До таму дојде дој период бидејќи е сосем неразбирлива политиката кон нас. Не дека ние бевме повешти од нив или поважни од нив. Ама политиката им е исклучително погрешна и суштински неевропска.И со Лисабонскиот договор кој што вика ние се гордееме со сите јазици во Европа – вели Димитров
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.