По повод денешниот празник Богојавление – Водици, градоначалникот наОпштина Куманово Максим Димитриевски заедно со претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, го посетија Соборниот храм „Св. Никола“ каде се одржа света празнична литургија, по која беше осветен и
фрлен светиот крст.Во Куманово, светиот крст го фати Никола Бојковски, Димитриевски му посака многу здравје, среќа и успех, додека пак од името на општината му беше врачен и подарок.
„Денеска го чествуваме празникот на осветувањето на водите, како вековна традиција на нашите предци. Посакувам оваа традиција да ја продолжиме во духот на христијанството и заедно да го сочуваме духовното наследствои да ја зацврстиме вербата во Бога. Нека е честит и вековит денешниот празник! Бог се јави! Нека е за многу години празникот Водици!“, рече Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.