Објаснувајќи ги измените на Законот за работни односи на новинарски брифинг за контроверзниот договор кој Владата го постигна со „Бехтел и Енка“, пвиот вицепремиерот Артан Груби убедуваше дека е неопходно да се донесат законските измени со цел коридорите да бидат изградени и поевтино и побрзо.
Ние сакаме проектот да чини поевтино и да се изгради побрзо. Во спротивно ќе чини и повеќе и ќе се гради повеќе време, вели Груби.
На прашањето како според новиот закон работниците ќе работат 60 часови кога тоа е противуставно Груби вели дека секаде има заклучоци.
Ако нема доволно работна сила ќе се увезува од странство. Никој не ги тера со сила, предупреди Груби.
Претходно Груби потврди дека јавноста нема да го види договорот, за кој протекоа скандалозни детали, бидејќи е „класифициран и во него има деловни тајни“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.