Уатавни измени во корист на Бугарите македонските граѓани нема да поддржат ниту под услов ЕУ да даде цврсти гаранции за зачувување на македонскиот јазик и идентитет, покажува анектата на Маркет вижн, спроведена од 5 до 16 јуни  за потребите на МКД.мк.

Позитивен став во врска со уставните измени за запишување на Бугарите во Уставот имаат 16,4% од испитаниците. Повеќе од 54 отсто од испитаниците се против промени во Уставот.

Македонците не веруваат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ. Нивните албански сограѓани се пооптимисти во врска со ова прашање. Нешто помалку од една третина од испитаниците (30,2%) сметаат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, додека половина или 49,9% сметаат дека Македонија нема да стане членка на ЕУ.

Од оние испитаници кои сметаат дека Македонија ќе стане членка, приближно две третини или 60,3% сметаат дека тоа ќе се случи во следниве 10 години.

Само 16,6% од испитаниците сметаат дека финансиската и институционалната помош која Македонија ја добива од ЕУ е значителна. Нешто сличен е и процентот и за помошта од САД –  17,9%.

Анкетата беше спроведено од 5 до 16 јуни со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.