Фракциите навистина не се предвидени во статутот на ДУИ, но многу одлуки во Мала Речица биле донесени врз основа на политичка волја, а не врз основа на статутот, ја коментира изјавата на Али Ахмети лидерот на фракционерите Изет Меџити.

И начинот на кој ги постави координаторите во Чаир и Сарај не е во статутот. Изборот на ограноците по принципот: еден член – еден глас, исто така, е нестатутарен, како и многу други работи. Самиот Ахмети во многу наврати има кажано дека е многу поважна политичката волја отколку статутот и во минатото повеќепати инсистираше да има фракција во ДУИ, како што има во повеќето европски партии, вели Меџити.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.