Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници на СВР Битола, попладнево, извршија увид во месноста Кисела вода, каде се наоѓа чешмата, која во последните две децении одзеде повеќе животи, a неодамна беше кобна за двајца браќа.

Како што соопштуваат од Општината, во разговорот со дел од жителите од околните населени места, беше истакнато дека досегашните решенија на поставување челична ограда и табла како предупредувачки знак за опасноста која се заканува, не дале резултат, поради што неопходно е во решавањето на проблемот да се пристапи со вклучување на стручни лица од сите институции надлежни за оваа проблематика.

Иако едукативното и советодавно делување кај населението е доста важно и истото веќе се спроведува, градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината ќе се заложи за што е можно побрза координација со државните институции и извршување на соодветна интервенција која нема да дозволи, несреќите да се повторуваат, велат од Општина Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.