По денешната консултативна средба во ДУИ на „огнените“ им се предложени партиски функции – Изет Меџити е предложен за потпретседател а Муса Џафери за претседател на надзорен одбор, дознава „Телма“
Артан Груби го нема во тесното партиско раководство.
На вечерашната консултативна средба во партиското седиште во Мала Речица што ја свика Али Ахмети усогласено е дека незадоволната група ќе добие функции.
Според неименуван извор од партијата за потпретседател е предложен Изет Меџити, а потпреседатели би биле и Арбана Пашоли , актуелна пратеничка, како и Арбр Адеми и Бајрам Реџепи.
За генерален секретар на партијата е предложен Фатон Ахмети а за организационен секретар Блерим Беџети.
Саранда Имери е предложена за трет секретар. Во тесното раководство би влегол и Муса Џафери како претседател на надзорниот одбор на партијата. Според оваа предлог листа која според извори на Телма е усогласена со Ахмети, во тесното раководство го нема Артан Груби.
Утре ДУИ ќе одржи Централен совет на кој ќе се бира ново раководство на партијата .
Откако тоа ќе биде избрано се очекува да биде побаран отчет за сработеното од министрите на ДУИ и првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Партискиот портпарол Бујар Османи по завршување на средбата рече дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.