Невреме откорна лимена кровна конструкција од зграда во Охрид, по што таа паднала и оштетила повеќе куќи и возило.
Информацијата ја потврдува раководителот на Центарот за управување со кризи од Охрид, Митко Темелкоски, посочувајќи дека за среќа нема поврдени луѓе.
Имаме дојава за паднат дел од кров на улицата „Лазо Трповски“, кој оштетил неколку соседни пониски објекти. Причинета е материјална штета, за среќа нема повредени – изјави Темелкоски.
Силниот ветер, проследен со дожд и град откорнал дрвја, искршил гранки и искинал кабли од телефонски и телевизиски оператори во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.