Невреме проследено со град попладнево предизвика штети кај земјоделските култури во општина Неготино.
Информацијата за МИА ја потврди раководителот во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Ѓорѓи Ајтов.
Според првичните согледувања, има големи штети на одделни места. Теренските увиди ќе покажат детали за тоа на кои локации има оштетувања и во колкав процент, изјави Ајтов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.