Речиси невозможна мисија е пасошите да важат по 12 февруари, е ставот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Според него, грчката страна има разбирање од грчката страна за техничките аспекти, но обврските од меѓународниот договор остануваат. На 13 февруари, ќе се мисли што ќе се прави со лицата кои немаат пасоши.

Тоа е меѓународен договор, ратификуван во Парламент, не е одлука на Влада на државите. Најдобро, се договоривме да бидеме во секојдневна комуникација со грчката страна за граѓаните да немаат проблеми по 13 февруари, по однос на транспортерите, сообраќајните дозволи, пасошите – рече Османи

Според него, некоректно е граѓаните да седат без грижа, дека државата ќе среди, па после да им кажеме дека не можеме.

За личните карти, законот заглави во Собрание. Тие рокови не се пресликани во законот за лични карти. За патни исправи и останатите документи, мора да важат до 13 февруари. Дајте да се организираме до 12 февруари да завршиме повеќе, а на 13 ќе мислиме што останало како проблем и како да го регулираме – додаде Османи.

Османи кажа дека нема надеж дека пасошите ќе важат на 13 февруари, а кога Грција ќе ја информира ЕУ, пасошите нема да важат никаде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.