Алките кои државата ги доби како донација во 2015 година, заедно со друга опрема за воведување на пробација (издржување казна затвор дома), веројатно ќе завршат во отпад. Заклучокот се наметнува по ставот на министерот за правда, Никола Тупанчески, прашан зошто опремата се уште не профункционирала.
При гостувањето во „360 степени“ тој објасни дека ако алките се стават во функција, потребните делови за се да работи како што треба ќе бидат поскапи од самите алки.
Дефинитивно Управата за извршување на санкции има задача не само да го разгледа прашањето во однос на алките, затоа што зборуваме за пробацискиот систем, неопходноста на тие алки и дефинитивно да видиме уште еднаш дали тие алки, сега зборувам околу нивната рентабилност, во смисла ќе ги ставиме во функција меѓутоа дефинитивно, дали тие алки и нивното користење…, кажа Тупанчески.
Алките за издржување на казна куќен затвор не профункционираа затоа што воопшто не беа ставени во употреба во првата година по нивната набавка во 2015 година, колку што траеше гарантниот рок на производителот. Тие не беа ставени во функција ниту во втората година по купувањето. Кога потоа се покрена иницијатива за нивно ставање во употреба потребно беше да се купат нови батерии кои чинеа многу, особено што беше изминат гарантниот период.
Актуелната законска регулатива предвидува алките да се користат само при издржување на казна затвор во домашни услови. Алката која во себе има џи-пи-ес (GPS) предавател, заедно со друга опрема и пробациската служба, треба да гарантираат дека осуденото лице не го напушта домот и дека алката постојано е на него.
Во неколку наврати во јавноста се пласира идејата дека алките би требало да се употребуваат и за за лица во притвор. Министерот за правда Никола Тупанчески информираше дека се работи на комплетно нов Закон за кривичната постапка, каде треба да се види дали ќе бидат направени измени со што ќе алките би можеле да се употребуваат и за домашен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.