Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за одбрана, во кои се наведени клучните утврдени состојби и системски слабости.

ДЗР во делот за клучни утврдени состојби наведува дека вредноста на постојаните средства и залихите на материјали во финансиските извештаи не е реална и објективна, пописот на средствата и обврските не е целосно извршен, дел од постапките за јавни набавки и реализацијата на дел од договорите не се вршат согласно законската регулатива, обврските кон добавувачите не се целосно прикажани во финансиските извештаи и оти работењето на Воено медицинскиот центар се финансира од сметката на Министерството.

Како системски слабости, пак, се поосчуваат: носење на закон за вработените во Министерството за одбрана со цел постигнување усогласеност во управувањето со човечките ресурси и работните процеси во одбраната со стандардите на земјите членки на НАТО, продолжување на постапката на донесување измени и дополнувања на Закон за пожарникарство, донесување на статут на Воената академија усогласен со одредбите од Законот за високото образование, неотпочната имплементација на Законот за основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, донесен 2016 година.

Извештаите на ДЗР за Министерството за одбрана се достапни на линкот: https://dzr.mk/mk/240110-revizija-na-usoglasenost-2023-ministerstvo-za-odbrana .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.