Во првата половина од 2022 година, германските власти депортирале вкупно 6.198 странски државјани од земјата. Најбројни меѓу нив биле државјаните на Македонија и Албанија, пишува Дојче веле.

Спред податоците на германското МНР во првата половина од годинава најмногу депортации се направени кон Македонија вкупно 454.

Македонските државјани го држат неславниот рекорд според бројот на депортации од Германија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на германската влада. Меѓу 6.198 странски државјани кои биле депортирани од Германија во првата половина од годината, најбројни се оние кои присилно биле упатени кон Македонија- 454.

Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402, а следуваат Грузија и Турција.

Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг, која забележува дека германските покраини трошат многу пари за организирање летови за депортации.

За половина година властите депортирале вкупно 35 лица од Германија во единаесет „мини чартер летови“ во првата половина на 2022 година. Вкупно 167 полицајци дежурале за обезбедување на депортациите. Трошоците за овие летови ја чинеле државата вкупно 580.000 евра.

Коалицискиот договор меѓу СПД, Зелените и Либералите кои ја сочинуваат германската влада, предвидува „офанзива за депортација со цел поконзистентно да се спроведе обврската за напуштање на земјата, соопшти германското МВР на барање на тамошните медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.