Во Крушево на избирачките места во селата Бучин и Јакреново прегласуваат вкупно 767 жители со право на глас и до 11 часот гласале: во селото Бучин 18,6, а во Јакреново 11,7 проценти.

Во Долнени се прегласува на две избирачки места во селото Дебреште. Од вкупно 1290 запишани избирачи на двете гласачки места до 13 часот своето право на глас го оствариле 227 гласачи или речиси 18 проценти.

– Нема проблеми и гласањето се одвива непречено. Помал е одѕивот од гласањето на 8 мај, но тоа е главно што жителите го користат убавото време за да ги завршат работитетво полето, во ек е садењето на тутунот. Очекуваме во попладневните часови излезноста да се зголеми, изјави Иван Нинески, претседател на ОИК Долнени.

Вчера гласаа 9 болни и изнемоштени во Долнени и 24 во Крушево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.