Во недостиг на проекти власта веќе неколку дена води црна кампања против градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Дури и се закануваат со кривична пријава за тоа што наводно не бил во самоизолација. Но, тоа не е точно бидејќи то се изолирал веднаш откако го добил позитивниот резултат на коронавирус.

Пецаков потврди дека правел тест заради патување, се чувствувал добро и немал симптоми и затоа се појавил во јавност за Водици.

Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја следи манифестацијата оти побарал тест заради патување, не поради тоа што се чувствува лошо. За „Макфакс“ тој потврди дека добил позитивен тест, но следниот ден го повторил и добил негативен резултат.

„Немав и сѐ уште немам никаков симптом на коронавирус. Ме прашувате зошто не сум се изолирал по тестирањето, тоа е едноставно, јас отидов да се тетсирам оти имавме уплатено зимување Банско од 20 до 23 јануари. Бугарија ги смени правилата за влез и покрај вакцините бараа и ПЦР тест, па затоа го направив тестот. Излезе позитивен и многу ме зачуди, не очекував затоа што немам симптоми, никој дома не е позитивен, па затоа следниот ден направ уште еден тест. Вториот тест излезе негативен, но без разлика на тоа откако го добив решението останав дома, не заминав во Банско“, објасни градоначалникот Пецаков и до „Макфакс“ го испрати негативниот тест.

Двата теста ги направил во истата лабораторија, единствена во Охрид и двапати си платил за тестирањето по 1800 денари а резултатите ги добил доцна попладнето.

За потсетување и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски беше дел од ваква хајка а сега на слична хајка е изложен и Пецаков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.