Нема потпис на анексот на Колективниот договор со кој се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството, објави на својата Фејсбук страница, Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.
❗️Ставот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е дека “договорената” корекција во однос на покачувањето на платите на медицинските сестри, ртг техничари, лаборанти и сите други здравствени работници е потценувачка и понижувачка во споредба со комплексната дејност, одговорноста и нивниот труд
❌️Понижувачки “договори” кои не кореспондираат со барањата, непочитување на Kолективниот договор доведува до демотивација и заминување на квалитетниот кадар
❌ 11 илјади вработени трпат бидејќи не се почитува договорот, се запоставува јавното здравство, не се работи на подобра инфраструктура
❗️ Незадоволството на вработените во јавното здравство кулминираше со предупредувачки протест во сите ЈЗУ во исто време
❗️ Потребно е итно преземање одговорност за овие штетни политики од кои штетата е на целиот здравствен систем на долг рок



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.