Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Нема поголем пораз и признание дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во Македонија.
Ова е само уште една јавна потврда дека токму функционерите од власта се најголемиот извор на криминалот и корупцијата во државата.
Токму за тоа, креаторите на криминалот и корупцијата во Македонија да се справуваат со криминалот и корупцијата.
Десетиците случаи за корупција кои нема никаква разрешница, секојдневниот криминал, убиства и престрелките во Скопје, македонски пасоши за белосветски криминалци и нарко босови се само дел од листата на оваа власт, која над 5 години има апсолутна власт во државата.
Спасовски и МВР се сојузници и заштитници на криминалот во Македонија и за тоа се потребни оставки од Оливер Спасовски но и од цела криминална власт на СДС и ДУИ“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.